Економијата ќе порасне од 3,5 до 4%

Bez autora
Sep 16 2026

Се очекува македонската економија годинава да оствари реален раст на БДП од меѓу 3,5 и 4 проценти, со позитивни сигнали и во почетокот на третиот квартал.

Индустриското производство, туризмот и градежништвото бележат охрабрувачки показатели, што отвора простор за продолжување на растот и во втората половина од годината. Ова го оцени премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско гостување, посочувајќи дека очекува силен трет квартал и економски раст во рамките на проектираниот опсег.

– Првите параметри што излегуваат за првиот месец од третиот квартал, како што се индустриското производство, туризмот и градежништвото, се охрабрувачки дека може да имаме силен трет квартал. Треба да видиме како ќе биде во следните месеци, но очекувам да ја завршиме 2026 година со реален раст меѓу 3,5 и 4 проценти – рече Мицкоски.

Според него, со тоа земјата ќе продолжи да бележи реален економски раст, додека номиналниот раст би бил над 8 проценти.

Мицкоски посочи и дека номиналниот БДП на земјата веќе достигнува околу 22 милијарди долари, односно околу 12 илјади долари по глава на жител.

Како позитивен сигнал за економијата го наведе и потврдениот кредитен рејтинг од агенцијата „Фич“.

– Нешто што, за нас, претставуваше цел на крајот од мандатот, еве го постигнуваме на нешто повеќе од половина од мандатот – рече тој.

Во делот на критиките кон опозицијата, премиерот оцени дека и покрај проблемите со кои се соочува економијата, Владата успева да ги реши и да обезбеди напредок.

– Дали е совршено? Не е совршено. Дали има проблеми? Има проблеми, но ние ги решаваме, особено по катастрофата што ја наследивме – истакна Мицкоски.

Тој оцени дека денес се живее подобро отколку пред три години и најави дека Владата ќе продолжи да работи на подобрување на животниот стандард во наредниот период.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik